
Компании
За компаниите нудиме услуги за креирање на комуникациски стратегии, креирање на системи за интерна комуникација, организација на активности за општествена одговорност, антиципација и комуникација во услови на криза. Нудиме советувања на менаџментот или секторот за односи со јавност за создавање или унапредување на системите за комуникација со јавност, за посебни теми и проекти. Советуваме за комуникациски пристап или организација.
Им помагаме на организациите да одберат Агенција за односи со јавност или креативна агенција, во текот на целиот процес – од дефинирање на услови и критериуми за тендер, преку објава и повик до релевантни агенции, учество во избор – до финализирање и потпишување на договор.
Невладини организации
Им помагаме на невладините организации да креираат соодветен комуникациски пристап кој ќе обезбеди видливост на проектот и ќе допре до што е можно поширок дел на целната публика. Поддршката ја обезбедуваме во фаза на пишување на концепт, буџетирање на комуникацијата, апликација, до финална имплементација и известување. Ги поддржуваме во процесот на избор на креативна/ маркетинг агенција во текот на целиот процес. Креираме посебни комуникациски стратегии за потреби на проекти кои ќе обезбедат максимална видливост и влијание, како и одржливост.
Агенции
Соработуваме со маркетинг агенции, агенции за односи со јавност или за дигитални медиуми, за нивни клиенти или проекти кои повремено имаат потреба од стратешки и кризни комуникации, активности за општествена одговорност или советување.