top of page
НС Комуникации

За НС Комуникации

Начевска Стојчевска комуникации е новоформирана бутик агенција за консултантски услуги за стратешки комуникации. Им помагаме на бизнисите, на организациите или на проектите да ја дефинираат и дизајнираат својата комуникациска стратегија индивидуално врз основа на детални анализи, со цел за да ја зголемат својата видливост кај целната публика, да ја раскажат и надградуваат својата приказна, да остварат интеракција со релевантните чинители, но и да ја организираат и систематизираат својата комуникација.

Експертиза

Сопственик и управител е Даниела Начевска Стојчевска, со експертиза за корпоративни комуникации, комуникациски стратегии, кризни комуникации, интерни комуникации, односи со јавност, односи со медиуми и корпоративна општествена одговорност, со над дваесет години искуство во телекомуникациски компании, осигурување, невладин сектор, агенција за односи со јавност.

Соработката со врвни експерти од областа на човечки ресурси, односи со корисници, социјални медиуми, финансии, право и проектен менаџмент, им овозможува на клиентите да добијат структурирана, професионална комуникација во согласност со нивните деловни потреби во целосна поддршка на деловните цели. 

Услугите на агенцијата може да се добијат на англиски или македонски јазик, а по потреба се ангажираат преведувачи за други јазици. 

Експертиза

Принципи на работа

Индивидуален и систематичен пристап

Целосно сме ориентирани кон исполнување на целите на бизнисите и организациите. Пристапот кон комуникацијата е индивидуален со опширни анализи на потребите на секој клиент за комуникација, преку анализа на пазарот и конкуренцијата од аспект на комуникации, дефинирање на публики и поставување на цели, пораки и комуникациски канали кои ќе бидат во согласност со  целите на организациите или проектите, но ќе обезбедат целосно градење на приказната која сакаме да ја пренесеме во јавноста.

Секогаш предвреме, понекогаш навреме

Клучна одлика на нашето работење е навремено планирање – основа за да се стават комуникациите во функција на бизнисот или остварување на целите на проектот, но истовремено да се предвидат и превенираат сите можни кризи и ризици, односно доколку дојде до истите успешно и едноставно да се менаџираат. Ние како агенција ја поставуваме комуникациската стратегија, ги поддржуваме организациите и проектите во зголемување на нивната видливост и надминување на проблемите и кризите во комуникација, им помагаме да создадат систем, да создадат тим или да одберат Агенција за односи со јавност која ќе им овозможи секојдневна успешна комуникација.

Интегритет

Интегритетот е вредност која покрај експертизата ни е примарна кога станува збор за нашите соработници. Тоа подразбира етичност во работењето, врвна доверливост, посветеност кон целите на клиентот, искреност, почит и фер игра. Интегритетот ни е важен и во однос на клиентите за кои и со кои работиме, од таа причина не работиме со организации, компании или поединци кои не почитуваат човекови права, закони, промовираат дискриминација или ја уништуваат животната средина. 

Принципи на работа
bottom of page